„Мелодијата на Европа“ е иницијатива на Дојче Телеком, во која се трансформираат податоците од мобилните мрежи на десет земји во Европа со помош на вештачка интелигенција и се претвораат во уникатно аудио-визуелно искуство.
Преку овој иновативен пристап, се прикажува технолошкото лидерство на Дојче Телеком низ цела Европа. Истовремено се демонстрира поврзаноста низ Европа, преку музиката како поинаков медиум за поврзување.
Мрежата на Македонски Телеком е составен дел од поврзаната Европа и придонесува во симболичната „Мелодија на Европа“.
„Возбудени сме што ќе го реализираме овој проект чијашто цел е да покажеме како технологијата и креативноста можат заедно да создадат еден моќен симбол на единство“, рече Доминик Лерој, член на Одборот за Европа. „Мелодијата на Европа“ е одраз на нашата посветеност да ги поврзуваме луѓето и заедниците низ целиот континент“.
Иновативен спој на податоци, вештачка интелигенција и музика
Експертите за податоци на Дојче Телеком искористија милијарди податочни точки од мобилната телекомуникација за да создадат оригинално музичко дело. „Мелодијата на Европа“ се работеше заедно со меѓународно признатиот научник за податоци и истражувач д-р Милан Јаносов. „Податоците се мојот животен повик и беше навистина возбудливо да се биде дел од едно патување во кое апстрактните информации ги претворивме во опипливо и емотивно искуство. „Мелодијата на Европа“ покажува дека човечката експертиза и вештачката интелигенција можат заедно да создадат нешто уникатно и значајно.“ –вели Милан.
Уметничката анимација ја изработи медиумскиот уметник и композитор Хајк Закојан. Хајк користеше визуелно програмирање, скриптирање и алгоритми на звук за да ја претвори „Мелодијата на Европа“ во незаборавно аудиовизуелно искуство.
Аудиовизуелната уметничка анимација, создадена преку генеративни процеси, го покажува текот на податоците низ картата на Европа, каде што знаменитостите на земјите учеснички се појавуваат во 3Д. Преку анимацијата, ги следиме градбите во европските престолнини: Скопје, Атина, Берлин, Братислава, Будимпешта, Прага, Виена, Варшава, Загреб и Будва, коишто полека се откриваат следејќи ги звуците на „Мелодијата на Европа“.
Комерцијален текст