Хамас: Нема да има договор за заложниците додека не заврши војната во Појасот Газа

Макфакс

21/11/2024

09:20

558

Големина на фонт

а а а

Вршителот на должноста шеф на палестинската милитантна група Хамас во Газа, Калил ал Хаја изјави дека нема да има договор со Израел за размена на заложници за палестински затвореници додека не заврши војната во палестинската енклава.

Ал Хаја во интервју за телевизијата Ал Акса рече дека Хамас не сака да ја изгуби предноста од држење заложници додека не заврши конфликтот со Израел.

Тој го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за недостатокот на напредок во преговорите за примирје во Газа со посредство на Катар, Египет и САД, објави Ројтерс.

Во тек се контакти со некои земји и посредници за заживување на преговорите. Подготвени сме да ги продолжиме овие напори, но поважно е да видиме дали постои вистинска волја од страна на окупаторите да ја запрат агресијата“, рече Ал Хаја.

Тој го предводеше преговарачкиот тим на Хамас во разговорите со посредниците. Нетанјаху во вторникот рече дека Хамас нема да владее со Појасот Газа по завршувањето на војната и дека Израел ги уништил воените сили на групата.

„Ги уништуваме неговите воени способности на многу импресивен начин и продолжуваме кон неговите политички способности“, рече Нетанјаху.