Меган Маркл деновиве беше фотографирана во ретко излегување.
Таа беше на презентација на линијата за коса на познат бренд во Лос Анџелес. Таа дојде со нејзините пријатели Кади Ли и Мајк Харис, а вечерта ја помина позирајќи пред фотографите.
Странските медиуми пишуваат дека се дружела и со фризерот Серж Норман и шминкерот Даниел Мартин. Во текот на вечерта таа се опушти и танцуваше.
Меган пристигна на настанот во црн комбинезон без прерамки со спуштена коса. Нејзините видеа се проширија на социјалните мрежи, а на многумина им беше чудно што принцот Хари не дојде со неа.