Малолетник заврши во болница oткако го тепале група средношколци во Тетово

Макфакс

20/11/2024

20:06

651

Големина на фонт

а а а

СВР Тетово информира дека попладнево приведени се двајца средношколци на 18 години поради напад врз ученик од средното училиште.

Во 15.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека во угостителски објект пред средно училиште во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир.


Веднаш е постапено по пријавата и утврдено е дека повеќе ученици во училиштето физички нападнале малолетник од с.Селце, ученик во истото средно училиште, кој поради здобиените повреди бил префрлен во ургентен центар Тетово за укажување на лекарска помош, додека полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода двајца од учесниците во нападот и тоа Е.Б.(18) и Л.Ц.(18) двајцата од с.Мала Речица, ученици во истото училиште, информираат од СВР Тетово.



Спонзорирани линкови

Маркетинг