Доколку се точни информациите кои доаѓаат од Хонгконг, компанијата „Apple“ во 2025 година ќе го претстави смартфонот „iPhone 17 Air“, кој ќе ја замени актуелната верзија „Plus“.
Овој потег е резултат на фактот што верзијата „Plus“ на смартфонот на Apple бележи послаби продажни резултати од сите модели на „iPhone“ во актуелната понуда. Се шпекулираше дека новиот модел ќе се вика „iPhone 17 Slim“, но наводно ќе го добие името „iPhone 17 Air“, а во меѓувреме се појавија информации околу неговата дебелина.
Според информациите кои доаѓаат од инвестициската банка Хаитонг со седиште во Хонгконг, дебелината на „iPhone 17 Air“ ќе биде околу 6 милиметри. Доколку тоа навистина биде така, тој ќе стане најтенкиот „iPhone“ во историјата. Исто така, тоа значи дека ќе биде потенок од „iPhone 6“, кој беше дебел 6,9 милиметри.
Засега постојат многу нејаснотии околу претстојниот уред, но некои детали сепак се познати. Имено, „iPhone 17 Air“ ќе има 6,6-инчен екран и A19 процесор во основната верзија. Инаку можно е да само една камера на задната страна, што може да ги одврати некои купувачи, меѓутоа, познатиот аналитичар Минг-Чи Куо веќе изјави дека Apple сака да го „потенцира новиот иновативен дизајн“, така што не треба да се очекува дека новиот „iPhone“ ќе има врвна камера.
Повеќе информации за претстојниот смартфон се очекуваат во наредниот период.