Руски готвач и жесток критичар на Путин пронајден мртов во Белград: Имал рана на главата?

Точка

13/11/2024

17:21

2.367

Големина на фонт

а а а

Рускиот новинар и готвач Алексеј Зимин почина во Белград, на 53 годишна возраст, а причината за неговата смрт сè уште не е утврдена.

Според пишувањата на „Телеграф“ тој бил пронајден мртов во неговиот изнајмен стан во Белград, а според неофицијални информации сопственикот на станот цели седум денови не можел да стапи во контакт со него. Кога тој пристигнал во станот за да провери што се случува, го пронашол мртов, а Зимин наводно имал рана на главата.


Алексеј Зимин има изградено значајна кариера во светот на новинарството и кулинарството, работејќи за „Afish“ кој ја објави веста за неговата смрт, а беше и главен уредник на неколку списанија вклучувајќи ги „GQ“ и „Gourmet“. Исто така Зимин беше и колумнист за „Kommersant“ и „Vedomosti“, а покрај неговиот новинарски ангажман тој ја водеше и емисијата ТВ емисијата „Готвење со Алексеј Зимин“ и има напишано неколку книги за готвење.

Откако се преселил во Лондон во 2015 година Зимин ја започнал неговата кариера во ресторанската индустрија и ги основаше ресторанот и списанието „Зима“. Тој исто така беше истакнат критичар на војната во Украина, а на инстаграм има објавено видео во кое пее антивоена песна, пишува „Economist“.

Откако го објави ова видео со антивоената песна, неговата руска ТВ емисија „Готвење со Алексеј Зимин“ повеќе не се емитуваше на мрежата „NTV“. Поранешниот руски пратеник и истакнат опозициски политичар, Илија Пономарев изјави дека емисијата била укината поради „антивоените изјави на водителот на социјалните мрежи“.

Жесток критичар на Путин и војната

На почетокот од 2022 година, Зимин, на инстаграм објави неколку антивоени изјави: „Вратете ги нашите војници дома“ и „Запрете ја војната. Повлечете ги трупите и вратете ги нашите војници дома“.

Тој исто така напиша: „Како и сите кои пораснаа во СССР, бев воспитуван со верувањето дека војната е најлошото нешто кое може да се случи. Нема оправдување за тоа, па дури и да има, сега е доцна за изговори. Како што пееше Розенбаум, треба да го запреме ова лудило и „Војната не е покер“.

Зимин се преселил во Обединетото Кралство се цел да се образува на „Le Cordon Bleu“ училиштето за кулинарство во Лондон, а во 2016 година го отвори ресторанот „Зима“ кој е специјализиран за руски јадења. Тој беше еден од бројните антивоени критичари во Лондон, кој редовно учествуваше во протестите во близина на руската амбасада.


Откако се преселил во ОК, Зимин наводно не се враќал во Русија, а по отворањето на ресторанот започнал со донирање на дел од приходот на Црвениот крст, а за помош на украинските бегалци. Додека во 2023 година според извештајот на „Sky News“, Зимин донирал приближно 30.000 фунти на Црвениот крст.

Иако бил гласен противник на војната, ресторанот на Зимин наводно бил мета на закани и откажувања на резервации на почетокот од војната. Тој за медиумите изјави дека луѓето му кажувале: „Вие руски свињи“ и „Морате да го затворите вашиот ресторан или ние ќе го затвориме“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг