Родри за „Златната топка“: Ако треба јас да гласам, Винисиус ќе беше на трето место

Дерби

12/11/2024

14:12

1.527

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот репрезентативец Родри уште долго ќе биде надвор од фудбалските терени поради сериозната повреда на лигаментите на коленото, но барем е актуелен со своите изјави за неколку медиуми.

Во последното, реализирано со шпански медиум, Родри не можел да ја избегне темата „Златна топка“, па повторно се навратил на церемонијата во Париз и подигнувањето на најпрестижната индивидуална фудбалска награда.

Бојкотот на Реал Мадрид подразбира дека тој не беше поздравен од претставници на ривалскиот тим, а сега потврдил дека добил честитка од само двајца поранешни играчи на „кралскиот клуб“.

– Дали добив честитка од Реал? Добив пораки од Начо и Хоселу, Винисиус не ми честиташе, но не ми е ни важно. Исто така, јас не би постапил како Реал Мадрид и не би бојкотирал ваква церемонија, но веќе нема поента да се коментира на таа тема.

– Ако треба јас да бирам, на второто место би го ставил Дани Карвахал, а дури потоа следува Винисиус. Во мојот случај е наградена постојаноста, а тоа е нешто што е најтешко да се задржи во фудбалот. Јас не сум тој кој треба да каже дали го заслужувам признанието, мислев дека го заслужувам претходната година кога бев европски првак со Сити, но последната сезона одиграв уште подобро, – рекол Родри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг