Рубен Аморим го презема Манчестер Јунајтед и во клубот ќе состави свој стручен штаб, а во него нема да има место за Руд ван Нистелрој.
Легендарниот напаѓач заминува од клубот по краткиот престој како асистент на Ерик тен Хаг, односно привремен менаџер на натпревари на кои Јунајтед постигна солидни резултати.
Ван Нистелрој е еден од четворицата членови на стручниот штаб кои нема да продолжат да работат во клуб по пристигнувањето на Аморим, а клупската легенда Теди Шерингам смета дека одлуката е логична.
– Не е грешка што Аморим реши да се откаже од Ван Нистелрој.
– Најголемиот број менаџери доаѓаат со комплетни стручни штабови, а Аморим е во добра позиција да инстистира клубот да му ги исполни барањата. Тој и Руд не се познаваат и нормално е да нема целосна доверба, доаѓањето на нов менаџер треба да означи нов почеток и никому не му е потребна било каква конфузија во однос на обврските, – рекол Шерингам, кој беше дел од генерацијата која освои три трофеи во 1999 година.