Родри: Мислев дека е лажна вест кога ми кажаа дека Реал ќе ја бојкотира церемонијата

Макфакс

10/11/2024

12:09

1.175

Големина на фонт

а а а

Родри играчот на Манчестер сити, пред три недели ја освои најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, Златната топка. Шпанецот со Манчестер сити ја освои четвртата последователна титула во Премиер лигата оваа сезона и беше клучен играч на шпанската репрезентација на патот до титулата европски првак во Германија.

Неговата победа остана во сенка на контроверзии бидејќи во знак на поддршка за Винисиус Жуниор, целата делегација на Реал Мадрид во последен момент реши да ја бојкотира церемонијата, откако дозна дека нивниот играч нема да ја добие наградата.

Зборувајќи за „Лекип“, Родри откри дека на почетокот не верувал во веста за бојкотот и мислел дека тоа е лажна вест.

„Немав поим што се случува, бев изненаден кога почнаа да ме прашуваат што мислам за бојкотот на делекацијата на Реал. Мислев дека се работи за лажни вести.

Кога слетав во Париз, добив повеќе пораки со честитки. Тогаш сфатив дека се качив во авионот за да учествувам на церемонијата и практично слетав како победник. Беше тешко поради веста за летот од Мадрид, но решив да не обрнувам внимание на тоа туку да уживам во вечерта“, изјави Родри.

Шпанскиот играч за врска и покрај ваквиот бизарен исход, смета дека одлуката да не се открие победникот до последен момент била добра, иако името протече пред самата церемонија.

„Знаев дека никој ништо нема да ми каже до самиот крај и успеа бидејќи дотогаш не го знаевме победникот. Мислам дека одлуката името на победникот да се чува во тајност беше одлична”, изјави Родри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг