Едер Милитао ја заврши сезоната

Макфакс

10/11/2024

11:11

1.334

Големина на фонт

а а а

Во 13. коло од шпанската Ла Лига на „Сантијаго Бернабеу“, Реал Мадрид победи против Осасуна со 4:0. Винисиус Жуниор постигна три гола. Бразилското крило погоди во 34., 61. и 69. минута од играта, а еден гол постигна Џуд Белингем во 42. минута.

Во 30. минута се случи нов голем шок за Реал. Стоперот на Реал, Едер Милитао (26) го напушти теренот поради повреда. Во тој момент беше јасно дека повредата е сериозна, бидејќи Бразилецот врескаше додека лежеше на тревата.

По првите прегледи било утврдено дека Милитао ги скинал лигаментите на левото колено, што значи дека сезоната за него е завршена.

Милитао ја обнови повредата. Да потсетиме, тој на 13 август минатата година ги скина лигаментите на левото колено, па поради тоа не играше до март годинава. Се врати и почна да влегува во форма, но сега му претстои уште една долга пауза.

Милитао пристигна во Реал од Порто во 2019 година за 50 милиони евра.

Проблем за Реал е што против Осасуна, покрај Милитао се повредија и Родриго односно Лукас Васкез. Првичните прогнози се дека Родриго ќе паузира еден месец, а Васкез околу три недели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг