Хет-трик на Винисиус, Реал ја декласира Осасуна

Макфакс

09/11/2024

17:29

1.527

Големина на фонт

а а а

Во 13. коло од шпанската Ла Лига на „Сантијаго Бернабеу“, Реал Мадрид победи против Осасуна со 4:0. Винисиус Жуниор постигна хет-трик. Бразилскиот крилен напаѓач беше прецизен во 34., 61. и 69. минута од натпреварот, а еден гол постигна Џуд Белингем во 42. минута.

Осасуна можеби и најпријатното изненадување во досегашниот тек од сезоната, разочара во Мадрид, играчите на тимот од Памплона упатија само еден удар кон голот на Лунин.

Покрај убедливата победа, натпреварот го обележаа и повредите во тимот на Реал. Карло Анчелоти направи три принудни измени.

Впечатокот е дека најтешко се повреди Едер Милитао, стоперот кој во 30. минута со болни крици ја напушти играта. Наместо него, во игра влезе Раул Асенсио, 21-годишен стопер, кој потоа му асистираше на Белингем за вториот гол.

Реал поради повреди мораше да замени уште двајца играчи. Веќе во 20. минута Родриго ја напушти играта и на негово место влезе Брахим Дијаз, а во второто полувреме исто така поради повреда заменет беше и Лукас Васкез.



Спонзорирани линкови

Маркетинг