Барон Трамп му помогна на својот татко да победи на изборите! Моќен совет од 18-годишниот син кој му донесе златна тактика против Камала Харис

Точка

09/11/2024

19:26

5.491

Големина на фонт

а а а

Во пресудните моменти од кампањата, младиот Барон Трамп одигра клучна улога во изборната победа на својот татко, Доналд Трамп.

Додека Трамп влегуваше на сцената во Вест Палм Бич за да ги поздрави своите приврзаници, цела Америка, па и светот, се обидуваа да сфатат како успеа да постигне толку убедлива победа.


Додека го држеше својот триумфален говор, покрај него на сцената стоеја две значајни фигури. Една од нив беше неговиот син Барон, кој, со својата висина од 204 см и импресивната сличност со татко му, привлече големо внимание.


Како што прашината полека слегнува, сѐ повеќе се открива колку важна била улогата на овој самоуверен 18-годишник во историското политичко враќање на неговиот татко. Според некои извори, Барон му дал на татка си совет од огромно значење, што се покажало како златен потег во кампањата и помогнало да се „сруши“ противникот Камала Харис.


Барон, кој ретко се појавуваше во јавноста за време на претходните мандати на неговиот татко, овој пат се вклучи активно во стратегијата на изборната кампања, покажувајќи дека неговото присуство и совети не биле само симболични, туку суштински за конечниот успех.




Спонзорирани линкови

Маркетинг