[ФОТО] Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми – едно лице е уапсено, друго во бегство

Макфакс

09/11/2024

12:26

1.900

Големина на фонт

а а а

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција, во координација со Единицата за недозволена трговија и ЕУМНА при СВР Скопје, презедоа опсежни истражни дејствија во врска со настан од минатиот месец, кога беше пронајдена голема количина наркотични супстанци.

Според информациите од полицијата, на 2 октомври, околу 01 часот, по претходно обезбедена судска наредба, извршен е претрес на патничко моторно возило „мини“ на улицата „Ѓурчин Кокале“, при што биле пронајдени 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази (МДМА), пиштол, осум куршуми, пригушувач од пиштол, 14,2 мл хашиш смола, машина за вакумирање и две дигитални ваги.


Со цел расчистување на случајот, полицијата започнала со повикување на повеќе лица на службен разговор и извршила претреси на домови на повеќе локации во Скопје, кај лица кои се сомничат за можната инволвираност во случајот.

На 7 ноември 2024 година, при претрес во домот на О.А. во Скопје, полицијата пронашла марихуана, мобилен телефон и други предмети кои се поврзуваат со случајот.


О.А. бил лишен од слобода и вчера од страна на СВР Скопје поднесена е кривична пријава против него, по член 215 и 396 од Кривичниот законик.

Полицијата, исто така, открила дека уште едно лице, М.З. од Скопје, е поврзано со случајот и моментално е во бегство. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање.




Спонзорирани линкови

Маркетинг