[ФОТО/ВИДЕО] Променет имиџ, смела и своја како никогаш досега: Антониа Гиговска го објави видеозаписот за моќната балада „Жена“

Точка

28/10/2024

15:42

7.416

Големина на фонт

а а а

Изминатиов викенд епицентарот на музичките настани во Македонија, беше лоциран во Штип. Се одржа 39. издание на еден од најдолготрајните наши фестивали „Макфест“.

На сцената на Домот на културата „Ацо Шопов“ продефилираа голем број дебитанти, но и афирмирани уметници кои долги години немаа застанато пред штипската публика.

Една од најпопуларните млади пејачки во денешницата, Антониа Гиговска, исто така беше дел од изведувачите.

Таа ја претстави моќната балада „Жена“, за чија музиката и аранжманот се погрижи Лазар Цветкоски, а текстот на песната е на Магдалена Цветкоска.

Антониа е пресреќна што песната за кратко време ја освои публиката и наидува на бројни позитивни критики.

„Многу сум среќна што „ЖЕНА“ успеа да допре до многу луѓе. Среќна сум што добив комплименти од многу жени и искрено ме радува тоа. Ова е многу посебна песна за мене, таква и ќе остане.




Секоја ЖЕНА треба да биде сакана, почитувана, заштитена, а тоа го може само вистински маж, затоа што право машко знае како треба да се сака една ЖЕНА. Тоа и беше пораката што сакав да ја испратам. Пораката е дека ако еден маж не знае да сака и почитува, жената со тек на време ќе се претвори во кукла без емоции …“

Таа за оваа песна промовираше и видеозапис, во кој заблеска во црвена смела и провокативна креација со потпис на Александра Бурсаќ. За шминката и новата фризура се погрижи како и секогаш стилистот и нејзиниот пријател Даниел Николовски. Видеоспотот, пак, е под режисерската палка на Даниел Јовески.



Споделете ги вашите впечатоци и мислења од оваа „нова“ Антониа.