Турција ги нападна позициите на PKK во Ирак и Сирија

Нетпрес

24/10/2024

07:58

1.061

Големина на фонт

а а а

По терористичкиот напад во Анкара, Турција со проектили гаѓаше локации поврзани со курдската милитантна група Работничка партија на Курдистан (PKK) во северен Ирак и северна Сирија, објави турското Министерство за одбрана.

„Извршена е воздушна операција против терористички цели на северот на Ирак и на Сирија, а успешно се уништени вкупно 32 терористички цели“, се вели во соопштението на Министерството во кое се додава дека операциите продолжуваат.

Извршителите на нападот во Анкара најверојатно се членови на PКК, забранета во Турција, изјави претходно министерот за внатрешни работи Али Јерликаја. Објектите на турската воздухопловна индустрија (ТАI) во Анкара беа цел на терористички напад во средата, при што загинаа пет а беа ранети 22 лица. Двајцата терористи кои го извршија нападот, од кои едната жена, се елиминирани, рече Јерликаја.

„Начинот на кој е извршена оваа акција најверојатно е поврзан со PKK“, рече министерот Јерлкаја кој нападот го класифицираше како недвосмислено терористички.

За веројатната одговорност на PKK зборуваше и министерот за одбрана Јасар Ѓулер.

„Како што прават секогаш, тие се обидоа да го нарушат мирот на нашата нација со извршување на нечесен напад кој заслужува секакво презир Ние секогаш ги казнуваме тие криминалци на PKK како што заслужуваат, но тие никогаш не се вразумуваат. Нема да се откажеме од гонењето додека не биде елиминиран и последниот терорист. Тие ќе страдаат за она што го направија“, додаде Ѓулер.

И турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој моментално престојува во рускиот град Казан на самитот на БРИКС, нападот го нарече терористички чин. Мотивот и идентитетот на напаѓачите сѐ уште не се познати и ниту една група досеа не ја презеде одговорноста.

Дел од медиумите известуваат дека се работи за бомбаш-самоубиец. Очевидци велат дека слушнале експлозии на излезите од фабриката додека работниците ги завршувале смените.

Работничката партија на Куристан (PKK) од почетокот на 1980-те години војува со турската држава за отцепување на регионот населен со Курди, а САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација.

Корпорацијата TUSAS е најголемиот турски производител на авиони и хеликоптери, вклучувајќи го и првиот турски борбен авион „KAAN“. Сопственици се владата и Фондацијата на турските вооружени сили, а во неа работат повеќе од десет илјади луѓе.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте го осуди нападот и нагласи дека стои на страната на својот сојузник Турција. Нападот го осуди и делегацијата на Европската унија во Турција, како и Белата куќа.

ПКК веќе неколку децении се бори против турските власти, а САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација.

TUSAS е најголемиот турски производител на авиони и хеликоптери, вклучувајќи го и првиот турски борбен авион KAAN. Сопственици се владата и Фондацијата на турските вооружени сили, а во неа работат повеќе од десет илјади луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг