Ниту во компанијата на Маск не цветаат рози

Точка

10/10/2024

14:36

5.798

Големина на фонт

а а а

Акциите на "Tesla" паднаа за 3,5% во САД, откако компанијата објави податоци за испораките на возила во третиот квартал од 2024 година што ги разочара аналитичарите.

Во кварталот кој заврши на 30 септември, "Tesla" испорача 462.890 возила, додека експертите на компанијата "Fekset" прогнозираа 463.310 испорачани возила, пренесува "CNBC".


Аналитичарите често ја проценуваат вкупната продажба на возила на 'Tesla" во истиот период врз основа на испораките. Во исто време, компанијата објави дека во третиот квартал од оваа година произвела вкупно 469.796 возила.


"Tesla" е под голем конкурентски притисок во последно време, особено во Кина каде "BYD" и "Geely" забележуваат значителен раст во продажбата на електрични автомобили.


Во САД, "Tesla" се соочува со сè поголема конкуренција во форма на амбициозниот "Rivian", како и традиционалните гиганти од автомобилската индустрија, "General Motors" и "Ford", кои исто така произведуваат електрични возила.