Зошто Кока – колата во Мекдоналдс има идеален вкус: Еден детаљ прави голема разлика

Точка

10/10/2024

11:54

5.552

Големина на фонт

а а а

Многумина луѓе велат дека Кока – колата која ја нарачуваат во Мекдоналдс има многу подобар вкус од онаа која ја пијат во кафулињата или која ја купуваат во продавници. Прашањето кое се поставува е зошто е тоа така?

Од Мекдоналдс велат дека нивните цевки за пиење се пошироки од вообичаените така што купувачите можат да го вкусат „целосниот“ вкус на кока – колата. Тие тврдат дека ова е еден дел од причината поради која кока – колата во Мекдоналдс има толку добар вкус.


Со оглед на тоа дека оваа разлика е минорна, не ја забележувате веднаш, но вашиот мозок дефинитивно го регистрира ова. Кога консумирате шеќер, вашиот мозок ослободува хормони на добро расположение како што се допамин и серотонин.

Логично, пошироката цевка овозможува внесување на поголемо количество на шеќер при една голтка, па со самото тоа се создаваат поголеми количества на хормоните на добро расположение, а оваа појава се нарекува „sugar rush“.


Постојат уште неколку причини поради кои кока-колата во Мекдоналдс има совршен вкус. Имено, пијалаците и водата прво се ладат пред да се стават во диспанзерите. Пијалоците никогаш не ги чуваат на собна температура, а исто така водата секогаш ја филтрираат пред да ја налеат во диспанзерот со цел да бидат сигурни дека пијалаците го исполнуваат „златниот стандард“.