Мајката Хејли Амос повторно ги насмеа корисниците на "TikTok" со слатко видео од нејзината најмлада ќерка Шарлот.
Оваа мама често на својот профил објавува видеа на кои нејзината ќерка за прв пат запознава нешто, а тоа беше случај и овој пат кога девојчето за прв пат виде балончиња.
Иако многумина би очекувале малата Шарлот да сака да си игра со балончињата, таа направи нешто сосема поинакво и многумина ги насмеа со своето однесување.
Наместо да си игра, девојчето ја отвори устата како да сака да ги изеде сите меурчиња и изгледаше прилично разочарано кога тоа не се случи на крајот.
Смешната сцена е прегледана 1,3 милиони пати откако е објавена, а многу од следбениците на малото девојче напишале дека нејзините авантури секогаш ги смеат. Во продолжение погледнете ја целата сцена.
@haleynicoleamos i honestly think she thought it was a spoon and food.. but the reaction was still cute OKAY. #baby #bubbles #bubble #cute #funny #love #daughter ♬ original sound - haley amos