Неврохирургот за состојбата на Шумахер вели: „Сè укажува на тоа дека тој не се чувствува добро“

Точка

09/10/2024

18:58

18.620

Големина на фонт

а а а

Легендарниот возач на Формула 1 и седмократниот шампион, Михаел Шумахер во 2013 година доживеа тешка незгода во текот на скијањето, така што јавноста оттогаш го нема видено, а истовремено неговото семејство не споделуваше информации во врска со неговата здравствена состојба и сè чуваат во строга тајност.


Финскиот неврохирург, Џуси Пости, смета дека Шумахер не бил во состојба да присуствува на неодамнешната венчавка на неговата ќерка Џина Марија.


„Сè укажува на тоа дека тој не се чувствува добро. Болните лица кои лежат в кревет долго време, најчесто стануваат толку слаби и неподвижни што не е можно да ги станете од кревет по толку години“, вели лекарот.


„Тоа сугерира дека тој веројатно се наоѓа во иста состојба сите овие години. Се сомневам дека во оваа фаза нешто одненадеж се сменило. Пациентите до две години закрепнуваат колку што можат, а потоа вообичаено се проценува нивото на закрепнувањето. Во суштина, овие видови на пациенти се многу експериментални модели“.


Пости вели дека прочитал оти Шумахер комуницира со помош на очите: „Постојат неколку последици од оштетувањето на мозокот. На пример, повредата може да направи пациентот да не сака да комуницира со никој освен со своето најтесно семејство. Исто така може да се случи и никој освен неговото најблиско семејство да не може доволно да го стимулира пациентот тој да почне да комуницира“, додава лекарот.