Атлетико Мадрид за „многу пари“ го смени името на стадионот

Макфакс

09/10/2024

09:35

1.200

Големина на фонт

а а а

Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид го смени името на стадионот кој од среда ќе се вика „Ријад Ер Метрополитано“.

Името на истиот спонзор Атлетико од минатата сезона го носи на дресовите. Станува збор за саудиска авиокомпанија. Договорот е потпишан до 2033 година.

Ова е посебен момент за Атлетико, бидејќи клубот успеа да го добие најголемиот договор во својата историја.

Атлетико во следните неколку години ќе заработи од 250 до 300 милиони евра.


Новиот стадион на Атлетико трет пат го менува името, откако се пресели од култниот „Висенте Калдерон“.

Првото име беше само Метрополитано, по стариот стадион кој беше пред ерата на „Висенте Калдерон“, на кое му беше додадено името на кинеската компанија „Ванда“, инаку малцински сопственик на клубот.

Минатата сезона името на стадионот беше „Сивитас Метрополитано“, компанија од Екстремадура. Договорот со Сивитас потпишан до 2032 година еднострано беше раскинат од Атлетико (кој не плати пенали за тоа).

Клубот набрзо влезе во преговори со саудиската авиокомпанија по што стадионот ќе го носи името во наредните години.