Вонредна состојба во Еквадор поради нарко бандите: Петмина загинати во нов вооружен напад

Макфакс

09/10/2024

08:01

890

Големина на фонт

а а а

Пет лица се убиени вчера во Еквадор во нов вооружен напад во услови на вонредна состојба воведена поради зголеменото насилство од страна на бандите поврзани со шверц на дрога, соопшти полицијата.

„Полицијата пронашла четворица мртви и еден повреден, кој бил пренесен во болница, каде што починал поради сериозноста на повредите“, изјавила полицијата за Франс прес, прецизирајќи дека петмината мажи имаат прострелни рани.


Нападот се случил во градот Дуран, соседен пристанишен град Гвајакил и еден од центрите на насилство на бандите. Според полицијата, неколку лица во две возила излегле од автомобилот и отвориле оган.

Крајбрежната провинција Гвајас, каде што бандите за шверц на дрога водат немилосрдна војна, е една од шесте еквадорски провинции кои се во вонредна состојба од почетокот на јули по напливот на вооружени напади.