Објавени првите детали за електричниот "Volkswagen" од 20.000 евра: Еве дали планот е остварлив

Точка

08/10/2024

19:06

7.382

Големина на фонт

а а а

Планот на "Volkswagen" за евтин електричен автомобил од 20.000 евра во моментов изгледа тешко остварлив, но компанијата има намера да претстави таков модел до 2027 година, што најави уште во мај.

За да се намалат трошоците за производство, од клучно значење е внимателно да се избере локацијата за производство. Во моментов се разгледуваат три фабрики, од кои ниту една не е во Германија. Според германскиот магазин "Spiegel", трите потенцијални фабрики за производство на овој автомобил се фабриката "VW: во Палмела, фабриката во Познањ и главната фабрика на "Skoda" во Млада Болеслав.

Регионалните фактори ја посочуваат Чешка Република како потенцијално најдобар избор со оглед на тоа што "Škoda" веќе го произведува електричниот SUV модел "Elrok".


Го отстрануваат екранот за инфозабава?

"Spiegel" открива и уште еден детаљ поврзан со претстојниот електричен автомобил од 20.000 евра. Според нивните информации, "Volkswagen" размислува за целосно укинување на „infotainment“ екранот, слично како кај укинатиот модел e-Up, кој беше своевиден претходник на овој нов модел.


Иако таквиот потег би бил значаен со оглед на тоа што конкуренцијата веројатно нема да го напушти овој елемент, во некои поевтини модели веќе стана стандард за паметниот телефон на возачот да ги преземе клучните функции како што се стриминг музика или навигација.

Сепак, повеќето од овие автомобили сè уште имаат вграден екран на допир, кој служи како интерфејс за "Apple CarPlay" или "Android Auto".