Легендарниот Андон Дончевски изминатиот викенд беше специјален гостин на натпреварот кој го одигра Вардар против Струга, но денеска беше поддршка и мотивација плус за македонските фудбалски репрезентативци.
Првиот селектор во историјата на нашата А репрезентација има посебно место во срцата на сите љубители на фудбалот, а харизмата и позитивизмот кој ги шири секогаш се добри за националниот тим.
Популарниот Дончо денеска беше дел од тренингот на репрезентацијата и ги бодреше најдобрите избраници на селекторот Благоја Милевски, на кои им посака среќа за следните предизвици во Лигата на нации.
Октомврискиот циклус носи две гостувања за Македонија, а повеќе од јасно е дека главна цел е да се освојат максимални шест бода.
Македонија задутре игра против Летониј во Рига, а три дена подоцна и против Ерменија во Ереван.
🎩 Почит за големиот господин!
Андон Дончевски, првиот селектор на македонската А репрезентација им посака успех на...
Posted by Фудбалска Репрезентација на Македонија on Tuesday, October 8, 2024