"Renault" го претстави "Renault Embleme". „Концептниот автомобил "Renault Embleme" ја отелотворува визијата на "Renault" за возило што одговара на предизвиците со нискојаглеродната мобилност“, објави "Renault" во денешното соопштение за медиумите.
„Овој концепт претставува голем инженерски и иновативен предизвик и покажува како, преку поинаков пристап кон производството на возила, играчите како "Renault Group" можат да ја постигнат целта за јаглеродна неутралност во Европа до 2040 година и во светот до 2050 година“, додаваат тие.
"Renault Embleme" е дизајниран да ги намали емисиите на јаглерод на најниско можно ниво, во сите фази од животниот циклус. Во споредба со еквивалентни модерни автомобили, тој ги намалува емисиите на јаглерод диоксид за дури 90 проценти, се наведува понатаму.
„Овој караван со рафинирани, флуидни линии го одликува дизајн чија цел е да ги подобри аеродинамичките својства и да ја доведе ефикасноста до својот врв“, се фалат креаторите.
"Renault Embleme" е придвижуван од 100 проценти електричен мотор со двоен извор на енергија, дизајниран да ги намали емисиите на јаглерод, додека го задржува сето она што го прави разновиден. Има вградена батерија со капацитет од 40 kWh, идеална за секојдневно возење и водородна горивни ќелии за потребите на подолгите патувања.
"Embleme" е долг 4,8 m, што ја потврдува намерата на "Renault" да продолжи со иновации во C-сегментот и пошироко.
"Embleme" ќе бидат изложени во салонот на "Renault" на овогодинешниот саем за автомобили во Париз. "Ampere" наскоро ќе го претстави овој концепт во целост и ќе ни ги покаже технолошките достигнувања кои овозможуваат толку високо ниво на декарбонизација, велат тие.