Англиската судиска асоцијација сезонава открива дел од аудио комуникацијата на судиите во најконтроверзните ситуации, а првиот човек Хауард Веб вчера го објаснувал случајот во кој Деклан Рајс доби црвен картон.
Арсенал освои само бод против Брајтон, а Рајс мораше порано да го напушти теренот откако судијата Крис Кавана му покажа втор жолт картон затоа што ја помери топката кога противнички играч сакаше да изведе слободен удар.
Објавено е комуникацијата меѓу судијата и ВАР собата, во која Кавана потенцира дека и нему не му се допаѓа одлуката, но Рајс ќе мора да оди во соблекувална.
– Не ми се допаѓа, но тој ја шутна топката.
– Според мене, ова е втор жолт картон. Немам друг избор, ме стави во лоша позиција. Дек, ќе мора да го напуштиш теренот, – рекол судијата, на крајот обраќајќи му се на фудбалерот на Арсенал.