[ВИДЕО] Масовен напад врз западот на Русија: Експлозии, пожари, евакуации

Точка

18/09/2024

08:19

3.646

Големина на фонт

а а а

Нападите од страна на украинските беспилотни авиони предизвикаа пожар и ги принудија на делумна евакуација жителите на рускиот регион Твер, а властите велат дека во текот на ноќта, Киев нападнал неколку западни, руски региони. „Остатоците од украинскиот дрон предизвикаа пожар во градот Торопетс, во западниот дел на Тверската област“, изјави преку „Телеграм“, Игор Руденија, гувернерот на регионот којшто се наоѓа северозападно од Москва.

„Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат огнот“, вели Руденија, меѓутоа не е познато што гори. „Руските единици за противвоздушна одбрана сè уште се обидуваат да го одбијат „масовниот напад со дронови“ врз градот“, додава Руденија.

Според Извештајот на државната новинска агенција „RIA“ од 2018 година, Русија градела арсенал за складирање на проектили, експлозиви и муниција во Торопетс, градот стар 1000 години, а во којшто живеат повеќе од 11.000 жители.

„Седум украински беспилотни авиони биле уништени во западниот регион Смоленск“, изјави преку „Телеграм“, Василиј Анохин, гувернерот на регионот којшто се граничи со Белорусија. Исто така уште 14 беспилотни авиони биле соборени во регионот Брјанск којшто се граничи со Украина, а неколкумина биле уништени и во регионот Ориол и Тула, изјавија гувернерите на овие региони.

Киев порано изјави дека неговите удари врз Русија, ја таргетираат воената, енергетската и сообраќајна инфраструктура, којашто е клучна за воените напори на Москва, а руските власти ретко го откриваат вистинскиот размер на штетата предизвикана од украинските напади.

Со зајакнувањето на домашното производство на беспилотни авиони во последните две години, Украина ги зголеми своите напади врз руска територија. Најголемиот украински напад со беспилотни авиони овој месец беше насочен кон главниот град на Русија, одземајќи го животот на едно лице, уништувајќи куќи и прекинувајќи ги летовите на московските аеродроми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг