Драма во Шпанија: Маж се заканува дека ќе изврши самоубиство, откако ги ранил родителите со нож се забарикадирал во станот

Макфакс

13/09/2024

20:53

1.200

Големина на фонт

а а а

Денеска неименуван маж ги ранил своите родители со нож, по што се забарикадирал во станот и се заканува дека ќе се самоубие скокајќи од балконот во населбата Сан Адриан во Билбао, соопшти баскиската полиција.

Полицијата потврди дека „акцијата е во тек“, а сообраќајот е запрен по околните улици, пренесува шпанскиот портал Сер100.

На лице место се и противпожарни единици, а под балконот е поставена подлога во случај на пад од балконот.

Мајката и таткото на мажот со повреди се пренесени во болница, а засега не се знае дали се во стабилна состојба.