[ФОТО] Очекувале лапавица, но паднал снег: Европа вака не го памети септември, хаос во овој дел од континетот

Точка

13/09/2024

21:02

1.946

Големина на фонт

а а а

Еден човек кој работи во Насфелд, Австрија, рече дека прогнозите предвидувале дека ќе врне снег, но со оглед на годишното време, очекуваат само лапавица.

Германската метеоролошка служба (DWD) предупреди на значителни, континуирани дождови во делови на Саксонија. Метеорологот Доминик Јунг за „Bild“ вели дека сè што предвидувале сега се остварува, но граѓаните биле изненадени од количеството снег во септември.

„Претпоставувам дека во Саксонија ќе наврнат до 100 литри дожд, а во Баварија од 150 до 200 литри. Нивото на водата ќе се зголеми. Ќе има поплави, но сè уште не е јасно колку ќе бидат сериозни. Локацијата на невремето е точно очекувана. Фокусот е на Австрија. Околу Виена ќе наврнат 400 литри дожд. Тоа вреди полугодишната количина за Берлин“, објаснува Јунг.


Инаку, на баварските Алпи вчера падна првиот снег, а жители од Баварија велат дека снегот ги изненадил.

„Јас и мојата девојка само одевме во град да набавиме намирници и беше хаос кога тргнавме надолу со летни гуми. Разговаравме со една постара госпоѓа, таа рече дека никогаш вака не било во септември, но и дека годината никогаш не била потопла во лето“, рече тој.

Еден човек кој работи во Насфелд, Австрија, вели дека прогнозите предвидувале дека ќе врне снег, но со оглед на годишното време, очекувале само лапавица.


„Сепак, густ снег продолжи да паѓа, а температурите паднаа. Сега е малку подобро, почна да се топи, но сите дојдоа овде на одмор и не беа спремни за толку студено време. Најголема паника дојде затоа што користиме летни гуми, па ризично е да се вози. Се трудиме да не излегуваме ни надвор. Зборував со луѓе кои се од тука, никој не се сеќава дека паднал снег вака рано и дека паднал толку многу“, рекол тој.

Германската метеоролошка служба (DWD) прогнозира дека во наредните денови на надморска височина од над 1.500 метри може да паднат до 50 сантиметри свеж снег, додека некои прогнозни модели предвидуваа повеќе од два метри снег.