Преседан во Формула 1: Му забранија да се трка поради премногу судири! „Не ги разбирам правилата“

Точка

13/09/2024

20:07

29.085

Големина на фонт

а а а

Кевин Магнусен е првиот возач на кого му е забрането да се натпреварува во Формула 1 откако е воведен системот за казнени поени во спортот. На Ромен Грожан му беше забранет настап и во 2012 година по голема несреќа.

Екипата на "Haas" викендов не може да смета на искусниот Данец Кевин Магнусен (31), кој доби единствена казна од забрана за тркање на Големата награда на Азербејџан, што се одржува овој викенд на улиците на Баку! На последната трка во Италија, Магнусен го доби 12-от казнен поен на суперлиценцата на ФИА, што го отстрани од патеката.

Имено, според правилата на Формула 1, возачот може да собере 12 казнени поени во период од 12 месеци пред да добие забрана за трки. Казнените поени се отстранети од суперлиценцата по 12 месеци од датумот на прекршокот, но тоа не му помогна на Магнусен бидејќи ги доби речиси сите казнени поени оваа сезона.


„Имав помал контакт со Пјер Гасли, ниту еден од болидите не беше оштетен или имаше последици во трката. Само ја промашивме кривината, па што? Се тркавме. Толку пати разговарав со судиите, а сè уште не разбирам какви се правилата“, објасни Магнусен по трката.

Така, Магнусен стана првиот возач на кого му беше забрането учество на трката откако ФИА воведе казнени поени во 2014 година.


Последниот возач кој доби ваква казна беше Ромен Грожан, кој беше „на одмор“ на Големата награда на Италија во 2012 година, откако предизвика голема несреќа на првиот свиок од трката во Белгија. Магнусен во Баку ќе биде заменет со резервниот возач на "Haas", Оливер Берман (18).