[ФОТО/ВИДЕО] Европа се подготвува за најлошото: Се нижат предупредувања, се откажуваат настани, војската се распоредува – Претстои невидено невреме!

Точка

13/09/2024

14:03

6.295

Големина на фонт

а а а

Цела Европа е на удар. Предупредувањето за невреме е на сила и во регионот.

Како што претходно беше најавено, Хрватска е зафатена од огромна временска промена. Невреме со грмотевици, силен ветер и обилни врнежи од дожд предизвикаа проблеми низ целата земја.



Како што тврдат чешките и полските метеоролози, во некои области на нивните земји може да наврнат и до 400 литри дожд на метар квадратен во следните четири дена, а во Австрија и Словачка околу 200 литри.

Културните манифестации предвидени за викендов беа откажани во тие четири земји поради најавеното поминување на циклонот.

„Постои реален ризик од локални поплави во петок и недела“, предупредија полските метеоролози. Во Вроцлав, кој има 675.000 жители, општината формираше кризен штаб. Според чешкиот министер Петар Хладик, ситуацијата во земјата „може да биде слична на онаа од 1997 и 2002 година“.

Градовите во Моравија подигнаа бариери за поплави и подготвија вреќи со песок во пресрет на невремето, кое ќе биде придружено со ветрови до 100 километри на час.

Според австриската телевизија „ORF“, нивото на водата на Дунав би можело да се искачи на нивоа кои не се забележани пет до десет години.

Австрискиот канцелар Карл Нојхамер изјавил дека армијата е подготвена да распореди до 1.000 војници доколку е потребно.

Obertauern, Austrija.

Snježni pokrivač nastavlja rasti. ❄️


SchneeToni

Posted by Vrijeme.net on Friday 13 September 2024

Во состојба на готовност се и словачката армија и доброволните пожарникари.

Силно невреме вчера зафати дел од Словенија – словенечките Приморје и Истра, а особено областа Копер, каде состојбата е најтешка поради обилните дождови што паднаа.

Rogla...ništa, idemo na skijanje. 😁

Posted by IstraMet on Friday 13 September 2024

Имено, во словенечка Истра за само неколку часа наврна повеќе дожд отколку во текот на целото лето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг