[ФОТО] Најновите фотографии од тешко болниот актер го расплакаа светот: Го јаде неизлечивата болест, сè поретко излегува од домот

Точка

10/09/2024

17:41

6.016

Големина на фонт

а а а

Актерот Брус Вилис има деменција и афазија, а неговата состојба судејќи според најновите фотографии секојдневно се влошува. Вилис (69) беше фотографиран во Калифорнија додека седеше на совозачкото место во автомобилот.

Тој беше облечен во спортско издание, носеше качкет и маица со крагна, а на лицето му се забележуваше измореноста, а покрај него постојано беше неговото обезбедување.



Во последно време познатиот актер поради болеста ретко може да се види во јавноста, а неговото семејство е постојано со него и му ја нуди потребната поддршка и сила.

Вилис е татко на пет ќерки: Мејбл Реј (12) И Евелин (10) се ќерките од неговиот втор брак со Ема Хеминг Вилис, додека од бракот со Деми Мур, Вилис има три ќерки: Румер (36), Скаут (33) и Талула (30).


Ќерката на Брус, Румер на 22 август објави фотографија со него на Инстаграм, додека одговараше на прашањата околу неговата здравствена состојба. „Тој е прекрасен. Толку многу го сакам. Ви благодарам“, кратко напиша Румер.

Меѓутоа неколку месеци порано, гостувајќи во една емисија, Румер откри дека нејзиниот татко е „добро“ и дека полека го гради односот со неговата едногодишна внука Луета.


„Лу почна да оди полека и се доближи до нејзиниот дедо, тоа беше толку слатко“, вели Румер.

Румер исто така потенцираше дека се надева оти преку зборувањето за болеста, таа и нејзиното семејство ќе им помогнат на други луѓе коишто се наоѓаат во слична ситуација.

„Транспарентноста на нашето семејство во врска со состојбата на нашиот татко е многу важна. Целта ни е да им помогнеме на другите како и да ја кренеме свеста за самата болест во надеж дека ќе се пронајде лекот за неа или што било друго што би било корисно“, изјави Румер.

Потсетуваме во март 2022 година, Деми Мур се обрати на јавноста преку официјално соопштение:

„До неверојатните фанови на Брус и сите коишто го поддржуваат … Сакаме во име на нашето семејство да ви соопштиме дека нашиот сакам Брус има одредени здравствени проблеми и дека неодамна му беше дијагностицирана афазија којашто влијае врз неговата когнитивна способност. Ова е навистина време на предизвик за целото наше семејство и многу сме ви благодарни за љубовта, сочувството и поддршката. Поминуваме низ сето ова како една силна заедница. Брус секогаш вели „живеј!“, а ние планираме да го направиме токму тоа. Со љубов, Ема, Деми, Румер, Скаут, Талула, Мејбел и Евелин“, напиша Деми во својата објава на Инстаграм.


Една година подоцна во февруари 2023 година, во февруари 2023 година, семејството на Брус Вилис објави дека познатиот актер боледува од деменција којашто се нарекува „фронтотемпорална деменција“ или „FTD“. Во изјава тие потенцираа дека веста е „болна“, но дека е и олеснување бидејќи конечно е утврдена точната дијагноза на Вилис.

„Денес не постојат лекови за оваа болест, но се надеваме дека тоа ќе се смени во годините коишто доаѓаат. Како што напредува болеста кај Брус, се надеваме дека целото медицинско внимание ќе се насочи кон расветлувањето на оваа болест којашто бара далеку повеќе истражувања. Брус отсекогаш веруваше во употребата на неговото влијание со цел да м помогне на другите и да ја крене свеста околу важните прашања, јавно и приватно. Во нашите срца знаеме дека тој, доколку беше во можност ќе направеше сè за да ја крене свеста на јавноста околу оваа болест“, напиша семејството на Брус во соопштение.



Спонзорирани линкови

Маркетинг