Поради многу високите температури во текот на летните месеци, забележано е дека се повеќе туристи претпочитаат да летуваат во претсезоната и на самиот крај на туристичката сезона, а тогаш и цените за сместување се поповолни.
Јуни и септември моментално се омилени месеци за одмор. Во прилог на „доцниот“ одмор годинава, поволни се и временските услови и температурите на морето, кои ќе бидат идеални за поминување на времето на грчко море.
Во Ситонија, Халкидики, во Неос Мармарис, Торони и Никита до крајот на август ќе биде многу топло, деновиве температурите се над 30 степени, а од недела ќе бидат за неколку степени пониски, околу 28-29 степени.
Веќе во четврток следната недела температурата повторно ќе почне да расте, а во првиот ден од септември се очекува да биде околу 28 степени, сончево и топло. Во првите десет дена од септември ќе биде стабилно, сончево и топло, температурата на воздухот ќе биде околу 27 степени, со благ пад на температурите со попладневни врнежи и грмежи кон средината на месецот.
Моментално температурата на морето во овој дел на Грција е повисока од 26 степени, а во наредните денови се очекува да биде уште повисока, околу 27 степени, што се просечните максимални вредности за септември. Минималната температура на морето за септември во Ситонија е околу 23 степени. Во последните години морето на почетокот на месецов беше околу 26 степени.
Во Ханиоти, Полихроно, Пекохори и Калитеа на Касандра температурата на воздухот се движи од 32 до 37 Целзиусови степени. Следната недела неколку дена ќе биде околу 28 степени, а до крајот на август 28-30 степени.
Во септември туристите ги очекува претежно сончево и топло време со околу 28 степени, а кон средината на месецот се очекува дестабилизација со пад на температурата до 22 степени која ќе трае кратко и веќе од 19 септември повторно ќе биде сончево со температура од 25 степени, а околу 21 септември температурата повторно ќе биде за неколку степени пониска.
Во моментов, температурата на морето околу одморалиштето на Касандра е околу 28 степени. Во септември просечната максимална вредност е над 24 степени.
Неа Рода, Олимпијада, Јерисос и други места на Атос моментално имаат температура на воздухот од околу 36 степени. До крајот на август ќе биде топло и сончево со температура над 30 степени.
Почетокот на септември ќе биде означен со температури од 30 и 31 степен, а во втората половина од месецот ќе биде од 24 до 29 степени со неколку денови со врнежи и грмежи. А кон крајот на месецот ќе биде сончево и топло.
Сега температурата на морето е 27,2 степени Се очекува во наредните десет дена да се спушти до 26,2 степени. Просечните септемвриски температури на морето на Атос се 25 степени, максимални до 27 степени.
На еден од омилените острови во Грција, Лефкада, времето е прекрасно и сончево, многу топло со 34 степени. Во наредните денови ќе биде уште потопло и до 37 степени, а до крајот на месецот околу 30 степени.
До средината на септември ќе се движи околу 28-29 степени, а потоа температурата ќе опадне за неколку степени. За само неколку дена повторно се очекува потопло време, околу 26 степени, додека околу 27 септември е можен нов помал пад на температурата на воздухот.
Температурата на морето кај Лефкада сега е над 28 степени. Во септември морето се очекува да биде уште топло. Максималните вредности за септември се просечно 25,6 степени, а минималните 22,9 степени.
Во Паралија, Платамон, Олимпик Бич и Неа Пори е многу топло околу 38 степени, но во наредните денови температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе продолжи да биде многу топло и до крајот на август температурата на воздухот нема да биде под 30 Целзиусови степени.
Во септември се очекува да биде топло и сончево со околу 30 степени, во втората половина на месецот за неколку степени постудено, но по само неколку дена температурата повторно ќе се искачи од 25 степени на 28-30 степени.
Егејското Море моментално е 27,7 степени во Неи Пори. Водата во наредните десет дена ќе биде уште потопла, а потоа малку ќе се олади.
Максималната температура на водата за септември во овој дел на Грција е 28 степени, минималната 22 степени, додека просечната е 25 степени.