„Sony Pictures Entertainment“ објави нов трејлер за претстојниот суперхеројски филм „Kraven The Hunter“. Филмот, кој е создаден во соработка помеѓу „Sony“ и „Marvel“, го режираше Џеј Си Чандор, а главната улога ја толкува Арон Тејлор-Џонсон.
Приказната зборува за Сергеј Кравиноф, познат и како Крејвен. Го прикжува сложениот однос на Крејвен со неговиот немилосрден татко Николај Кравиноф, а неговата трагична судбина го поставува на пат на одмазда со брутални последици. Она што му се случува го мотивира да стане не само еден од најголемите ловци во светот, туку и еден од најстрашните.
Новиот трејлер за филмот е прегледан повеќе од 2 милиони пати во еден ден, а многу фанови едвај чекаат да ја видат оваа приказна на големото платно во декември оваа година.
Заедно со Тејлор-Џонсон, во филмот глумат Расел Кроу, Аријана ДеБоз, Кристофер Абот, Алесандро Нивола, Фред Хечингер и Грег Колпакчи.