[ВИДЕО] Однесувањето на Блејк Лајвли за време на интервју шокирало многумина! Новинарката брутална: „Сакав да дадам отказ“

Точка

15/08/2024

11:16

4.241

Големина на фонт

а а а

Среде драмата околу новиот филм „It Ends With Us“, објавено е старо интервју со актерката Блејк Лајвли, по кое норвешката новинарка сакала да даде отказ.

Интервјуто од 2016 година пред 4 дена го објавила норвешката новинарка Кјерсти Флаа на својот „Јутјуб“ канал и го нарекла „The Blake Lively Interview that made me want to quit my job“ („Интервјуто со Блејк Лајвли поради кое замалку ќе ја напуштев работата“).

„Најнепријатното интервју досега“

Во четириминутното видео, Флаа седи со Лајвли и Паркер Пози на интервју по повод филмот на Вуди Ален, „Café Society“. Филмот излегол во јули 2016 година.

Флаа на почетокот на интервјуто и ја честита бременоста на Лајвли. „Честитки на стомачето“, ѝ вели таа, на што Лајвли одговара: „Прими честитки и за твоето“, и покрај тоа што Флаа видливо не е бремена. Флаа потоа се осврнала на костимографијата на филмот во интервјуто, на што Блејк повторно „како од пушка“: „Сите сакаат да зборуваат за облеката, но се прашувам дали би ги прашале мажите за облеката? Новинарката одговорила дека истото би ги прашала и мажите, но Блејк го игнорира тоа во видеото и продолжува да разговара со својата колешка од филмот, игнорирајќи ја новинарката. „Седењето со Блејк Лајвли и Паркер Пози е најнепријатното интервју што сум го доживеала“, напишала новинарката во описот на видеото. „Многу ми е жал што го преживеавте ова“, „Глумеше во филм за сексуалното злоставување на обвинетиот Вуди Ален, а во исто време се преправа дека е феминистка. Морам да се насмеам“, коментирале шокираните гледачи.


Блејк мета на критики

Блејк Лајвли е мета на критики, бидејќи многумина тврдат дека ја искористила промотивната турнеја за нејзиниот нов филм „It Ends With Us“ за да ги промовира своите производи за нега на коса, наречени Блејк Браун. На социјалните мрежи многумина истакнуваат дека маркетиншката кампања на филмот била погрешна од нејзина страна бидејќи го прикажува како забавен и романтичен филм, притоа игнорирајќи ја важната тема за семејното насилство за која всушност зборува филмот.


Наводно, имало проблеми и во врската меѓу неа и главниот актер/режисер Џастин Балдони. Наводно, конфликтот настанал откако Рајан Рејнолдс, сопругот на Блејк Лајвли, се вклучил во пишувањето на сценариото. Се нагласува дека Рејнолдс влијаел на носењето креативни одлуки со кои Балдони не се согласувал.




Спонзорирани линкови

Маркетинг