[ФОТО/ВИДЕО] Украинците ја окупираа Суџа, прво ТВ вклучување од Русија! Соопштени драматични вести, еве зошто овој град е толку важен за Европа!

Точка

15/08/2024

12:12

6.853

Големина на фонт

а а а

Новинарка од украинската телевизија „TSN“ се вклучила во програмата во живо од градот Суџа во руската погранична област Курск.

„Киев пост“ наведува дека тоа укажува дека украинските трупи целосно го контролираат овој град кој се наоѓа на десет километри од границата.

Се наведува дека ова е прв извештај на еден украински медиум од територијата на Русија од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

За време на нејзиното вклучување во програмата „TSN“ новинарката изјавила дека украинските војници го отстраниле руското знаме од една од зградите во Суџа, градот каде што се наоѓа истоимената мерна станица за гас и е единствениот транзитен пат за рускиот гас до Европа преку Украина.


Новинарката го покажала руското знаме кое било тргнато од страна на украинските војници.

Се наведува дека некои корисници на интернет на видеото препознале дека се работи за зградата на интернатот во Суџа.


Новинарката на „TSN“ изјавила дека градот не е тешко оштетен и навела дека најголема штета всушност предизвикале руските бомби.

На видеото е прикажана и уништена руска воена опрема која лежи расфрлана на работ на Суџа.


Новинарката изјавила дека засега е познато дека во тој град останале околу 100 жители на Суџа и дека повеќето од нив се кријат во подземни бункери.


Мештанин кој дал изјава за „TSN“ се пожалил на недоволните напори на руските власти за евакуација на луѓето и недостатокот на вода и храна.

За време на нејзиното учество во програмата, новинарката ги придружувала украинските војници кои делеле храна на локалното население.


Олександар Сирски, врховен командант на украинската армија, вчера изјавил дека 1.000 квадратни километри руска територија во областа Курск е под контрола на Киев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно во видео-обраќање до нацијата во вторникот вечерта соопштил дека Украина контролира 74 населени места во областа Курск.


Аналитичарите на Американскиот институт за проучување на војната (ISW), сепак, врз основа на јасно достапните податоци на Интернет, ги потврдиле операциите на украинската армија во и околу 41 населба.

„Киев пост“ објавил и дека Украина вчера соопштила дека нејзината армија ќе дозволи евакуација на цивили од руската област Курск во Русија или Украина, како и дека ќе создаде тампон-зона во областа каде што започнала голема офанзива.

Се потсетува дека украинските војници ги изненадиле руските трупи и го нападнале регионот Курск на 6 август, освојувајќи ги тамошните населби, што предизвикало евакуација на десетици илјади луѓе од двете страни на границата.

„Создавањето тампон-зона во Курската област е чекор кон заштита на нашите погранични заедници од секојдневни непријателски артилериски напади“, изјавил Ихор Клименко, министер за внатрешни работи на Украина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг