9 намирници богати со магнезиум: На прво место е едно семе

Точка

27/07/2024

15:00

11.986

Големина на фонт

а а а

Магнезиумот е суштински минерал кој игра клучна улога во многу телесни функции, како што се релаксација на мускулите, регулација на нервниот систем и одржување на здравјето на коските.

Човечкото тело во просек содржи околу 25 грама магнезиум: 60 проценти од вкупната количина се складира во коските, околу 25 проценти користат мускулите (магнезиумот стимулира мускулна релаксација), а останатите 15 проценти се дистрибуираат до мозокот, срцето, црниот дроб и бубрезите.

Симптоми кои укажуваат на недоволен внес на магнезиум се постојано чувство на замор, напнатост, нервоза, стрес, несоница, грчеви, понекогаш палпитации.

Истражувањата покажуваат дека жените кои често држат диети страдаат од недостаток на овој минерал, па поради витката фигура избегнуваат да јадат леб, скроб, чоколадо и сушено овошје. Недостаток е забележан и кај луѓе кои прекумерно уживаат во алкохол или постојано се изложени на стрес.


Доколку се сомневате дека ви недостасува магнезиум, разговарајте со вашиот лекар, а во меѓувреме размислете за намирниците кои треба да ги вклучите во исхраната.

Храна најбогата со магнезиум

Семките од тиква се најдобриот извор. Околу 28 грама содржи околу 150 mg магнезиум. Треба да се напомене дека семките од лен, чија и семки од сончоглед се исто така одличен извор.

Индиските ореви се вкусни и многу богати со магнезиум. Околу 28 грама (околу 18 индиски ореви) содржи приближно 82 mg.

Бадемите се исто така одличен извор. Само 28 грама (околу 23 бадеми) содржи приближно 80 mg магнезиум.

Темното чоколадо со висока содржина на какао е многу богато со магнезиум. Околу 28 грама темно чоколадо (70-85% какао) содржи околу 64 mg магнезиум.


Варениот спанаќ е одличен извор. Една чаша варен спанаќ содржи околу 157 mg од овој минерал.

Црниот грав е богат со влакна и магнезиум. Една чаша варен црн грав содржи околу 120 mg.

Едамам (млада соја) е исто така богат со овој есенцијален минерал. Една чаша варен едамам содржи околу 99 mg магнезиум.

Киноата е богата со протеини и магнезиум. Една чаша варена киноа содржи околу 118 mg.

Авокадото е богато со здрави масти, како и со магнезиум. Едно средно авокадо содржи околу 58 mg од овој минерал.




Спонзорирани линкови

Маркетинг