Анчелоти за позицијата на Мбапе во Реал: Теренот е широк 68 метри…

Дерби

26/07/2024

12:54

2.306

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе ќе биде големо засилување за Реал Мадрид, а тренерот Карло Анчелоти одамна добива прашања како ќе го вклопи Французинот во екипата во која има многу ѕвезди и докажани офанзивни играчи.

Италијанецот сега гостувал во подкастот на Џон Оби Микел и во него очекувано морал да одговори на истото прашање, но овојпат бил малку порасположен за подолго објаснување.

– Искрено, не сум се оптеретувал со оваа тема, вметнувањето на Мбапе во тимот нема да биде проблем.

– Да потсетат дека тој изјави дека ќе се адаптира на екипата, а тоа е најважно, фудбалерот мора да придонесе со својот квалитет и талент на играта на тимот.

– Теренот е широк 68 метри и нашите офанзивни играчи мора да го покријат тој дел, Мбапе некогаш може да игра лево, некогаш во средината…

– Навратете се на претходната сезона и ако ве прашам на која позиција играше Винисиус, тешко ќе одговорите. Не играше како класично лево крило, најважно во нападот се подвижноста и креативноста на фудбалерите, – рекол Анчелоти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг