Ќерката на Родман ги воодушеви фудбалските фанови со својот „трин спин“ гол на ОИ

Дерби

26/07/2024

11:56

2.154

Големина на фонт

а а а

Тринити Родман почна да го покажува својот голем фудбалски потенцијал и посакува да стане голема ѕвезда која во иднина нема да биде препознатлива само како ќерка на кошаркарската легенда Денис Родман.

Девојката која доби шанса рано да дебитира во американската репрезентација благодарение на претходниот селектор, македонскиот стручњак Влатко Андоновски, ги импресионираше фановите уште на првиот настап на Олимписките игри во Париз.

Американките синоќа ја совладаа Замбија со 3:0, а Родман го отвори резултатот уште во 17. минута од натпреварот.

За да биде поатрактивно, таа го употреби својот специјалитет, дриблингот кој самата го нарекува „трин спин“ и овој гол веднаш стана вирален хит на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг