[ФОТО/ВИДЕО] Албанката со македонско потекло пристигна во Приштина на „Сан Хил фестивал“: Изјави дека можеби ќе ги посети и своите роднини во Дебар

Точка

25/07/2024

18:42

13.714

Големина на фонт

а а а

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, синоќа на средба и посака добредојде на светски познатата пејачка Бебе Реџа со етничко албанско потекло од Македонија, чија мајка е од Гостивар, а таткото од Дебар.

Вјоса Османи на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека Косово секогаш се гордее со успесите на секој Албанец ширум светот.

„Косово секогаш се гордее со успесите на секој Албанец, од целиот свет, кои станаа инспирација за новите генерации. Успехот на Бебе е извонреден пример за тоа што може да се постигне со труд и посветеност“, напиша Османи.

Mirë se vjen në Kosovë, Bebe Rexha!


Kosova është gjithnjë krenare me sukseset e secilit shqiptar, anekënd botës, të...

Posted by Vjosa Osmani on Tuesday 23 July 2024

Во интервју за косовските медиуми Бебе Реџа се збуни кога новинарите побараа од неа да зборува на албански и рече дека тешки и оди изразувањето на албански јазик и напомена дека го учела од родителите, кои се родум од Гостивар и Дебар пред да емигрираат во САД. Освен американско Бебе Реџа има и македонско државјанство. Рече дека додека е на фестивалот во Приштина можеби ќе отиде и кај роднините во Дебар каде е поканета на сунет.

Од 25 до 28 јули, Приштина ќе биде домаќин на најуспешните светски ѕвезди на фестивалот „Сани Хил“, меѓу кои и Бебе Реџа, која за прв пат доаѓа на Косово. Фестивалот на кој ќе се појават бројни музички ѕвезди од Европа и САД се одржува трет пат по ред и иницијатор и организитор е таткото на британската поп ѕвезда Дуа Липа, Дукаѓин Липа кој е познат музичар од Косово кој живее и работи во Лондон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг