Акропол се затвора напладне

Макфакс

17/07/2024

12:56

2.617

Големина на фонт

а а а

Туристичкиот локалитет Акропол во Атина денеска од пладне до 17 часот ќе биде затворен поради екстремните температури, соопштија грчките власти.

Забележано е дека денеска и утре Грција минува низ најлошите 48 часа топлотен бран, а се очекува температурите да достигнат и до 43 Целзиусови степени во некои делови од земјата.

Надлежните се во зголемена готовност и поради шумските пожари кои секое лето ја оптоваруваат Грција, наведува порталот.

Метеорологот Михалис Ситас рече дека ова е еден од најдолгите топлотни бранови во последните години и нагласи дека времето ќе биде тропско во вечерните часови со особено високи температури.

– Грција ја очекуваат три топли денови. Овој феномен е можеби еден од најдолгите топлотни бранови со најголем број последователни топли денови забележани во последните години – изјави тој за newsit.gr.

Највисоки температури ќе бидат во среда, четврток и петок. Максимални температури од 42 до 43 степени се очекуваат во континенталните предели, особено во Македонија, Тракија, Стереја, Тесалија и на Пелопонез. На брегот поради морскиот воздух температурата ќе биде за 3 до 5 степени пониска. Високите температури нема да ги заобиколат и континенталните предели во Јонското подрачје и јужниот дел на Крит.