[ВИДЕО] Пожар на Халкидики, засега не се загрозени населените места

Макфакс

25/06/2024

19:12

2.463

Големина на фонт

а а а

Пожарите веќе со денови беснеат низ цела Грција, а како што објави порталот „Прототома“, денеска избувнале пожари на Халкидики и Полигирос. На помош на пожарникарите дошле и хеликоптери.

На терен се вкупно 22 пожарникари, еден хеликоптер и девет возила на итната пожарна служба. Засега пожарот не ги загрозува населените места.

Исто така, голем пожар избувна во близина на Патра на Пелопонез. Нема жртви.



Спонзорирани линкови

Маркетинг