ЕУ официјално ги отвори пристапните преговори со Украина

Макфакс

25/06/2024

19:09

616

Големина на фонт

а а а

Денеска во Луксембург Европската унија (ЕУ) официјално ги започна пристапните преговори со Украина, чекор кој беше опишан како „историски“ и во Брисел и во Киев.

„Силна Украина не е можна без ЕУ, а силна ЕУ не е можна ниту без Украина“, изјави украинскиот премиер Денис Чмигал на отворањето на преговорите.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно денеска изрази задоволство од официјалното отворање на преговорите за пристапување на Украина во ЕУ, велејќи дека тоа е „историски ден“ за земјата која повеќе од две години се бори против руската инвазија.

Членките на ЕУ го одобрија почетокот на пристапните преговори со Украина и Молдавија на 25 јуни и ја усвоија рамката за преговори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг