Шон Пен откри дали ја удирал Мадона со бејзбол палка! По 37 години ја кажа целата вистина

Точка

25/06/2024

17:16

3.395

Големина на фонт

а а а

По повеќе од три децении, Шон Пен одговори на обвинувањата дека физички ја малтретирал својата поранешна сопруга Мадона.

Актерот беше во брак со пејачката од 1985 до 1989 година. Во 1987 година се појавија обвинувања дека тој физички ја малтретирал Мадона, како и дека ја удирал со бејзбол палка, што таа негираше.

Во едно неодамнешно интервју за "New York Times", Шон Пен, кој сега има 63 години, беше прашан за тие гласини.


„Специјалната единица на полицијата дојде кај мене дома“, рекол Пен додавајќи дека тоа било во моментот кога Мадона на полицајците им рекла дека чуваат оружје во куќата и додал:

“Им реков: „Нема да излезам, ќе го завршам појадокот“. Потоа ги скршија стаклата од куќата и влегоа внатре. Ми ставија лисици и ме одведоа во притвор“.


Оскаровецот рекол дека знаел дека имало обвинувања за злоупотреба во медиумите и дека една жена го обвинила дека „ја удрил Мадона во глава со бејзбол палка“.

“Не знаев за што зборува. Сега, мислам дека е фер да се каже дека не сум најдоброто момче на светот. Но, ако го удрам Мајк Тајсон во глава со бејзбол палка, тој ќе оди во болница. Мадона е некоја што ја сакам“, рекол Пен, додавајќи дека и по разводот останале во пријателски односи, ставајќи крај на приказните за наводното злоставување.


Во 2015 година, Мадона ги негираше обвинувањата дека Шон ја претепал со палка.

- Иако сигурно имавме повеќе од една жестока расправија за време на бракот, Шон никогаш не ме удри, не ме врза, ниту физички ме нападна. Секое тврдење за спротивното е целосно срамно, злонамерно, непромислено и лажно – изјави тогаш Мадона во нејзината изјава.




Спонзорирани линкови

Маркетинг