[ВИДЕО] Му „скокнала“ во прегратки штом го здогледала: Славната пејачка не можела да ги задржи солзите кога го видела овој човек во публиката

Точка

25/06/2024

14:50

5.307

Големина на фонт

а а а

Адел важи за една од пејачките со најубав глас и нејзините концерти секогаш ги полнат салите. Покрај нејзиниот божествен глас, ја краси и нежна природа и спонтаност, што често се забележува на нејзините настапи.

И нејзините песни се такви - полни со силни, длабоки емоции, па не е нималку необично што нејзините обожаватели често покажуваат емпатија со сè што таа прави.

Имено, неодамна на социјалните мрежи привлече внимание една популарна снимка од нејзиниот концерт. Во таа прилика Адел се движела меѓу публиката, пеејќи ги своите најголеми хитови, не помислувајќи дека меѓу многуте посетители се наоѓа некој многу важен за неа.

Додека уживала во својата публика, во еден момент на нејзиното лице се забележал изненаден, но среќен израз.

„Ох Боже, Колин! Ова е човекот кој го донесе моето бебе на свет! Те немам видено со години“, рекла пејачката пред сите, а потоа отишла да го прегрне својот доктор.

Овој несекојдневен момент стана вирален на социјалните мрежи, а луѓето се воодушевени од нејзината искреност и енергија.


„Ја сакам нејзината енергија и како таа секогаш забележува сè“, „Ми се допаѓа кога пејачите покажуваат колку длабоко чувствуваат. Тоа ги прави уметници“, „Сакам што е толку автентична, тоа е реткост во денешно време“, се дел од коментарите под видеото.

Меѓу многубројните коментари е и оној во кој нејзина обожавателка тврди дека односот помеѓу родилката и докторот знае да биде многу емотивен бидејќи, како што навела, на некои жени породувањето им паѓа многу тешко.

Многумина се согласиле со овој коментар и додале дека со овој потег Адел покажала дека е пред сè природна, едноставна и дека славата не ѝ „удрила“ во глава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг