[ФОТО] Сара Мејс горда на сопругот Димитар со емотивни објави: Не за сликање колку е хуман за на Инста, не за на Фејсбук, не за ’еве јас што направив’ … Просто зашто е ретко добра душа“

Точка

26/06/2024

19:15

7.391

Големина на фонт

а а а

Вчера (23.06) сведочевме на неверојатно невреме во средината на месец јуни. Поплавени улици, пороен дожд, непристапни патишта. Не сите од нашите тераси и прозорци уживавме во глетката и освежувањето после пеколните горештини кои ги живеевме изминатиов период.

Голем дел од скопјаните овие сцени ги затекнаа токму додека се наоѓале во своите автомобили. Едни од нив, кои ја живееја оваа неколкучасовна апокалипса биле и нашата пејачка и харфистка Сара Мејс и Димитар Атанасовски. Тие враќајќи се по пат со двете деца кои спиеле во автомобилот, наишле на автомобил на кој му требала помош.


Сара, не можела да не ја сподели хуманоста на својот сопруг кој воопшто не се грижел дали ќе биде накиснат од дожд и измаван од силниот град додека се потрудил да му помогне на непознат човек.

„Застана со кука да го влече, да помогне на рандом човек на патот, затоа што е великан, е затоа.

Со две деца заспани во автомобилот, со правење жива вода, заради чистата намера да помогне некому, со муабетот дека и ’тој кога би можел би го направил истото’ …


Не за сликање колку е хуман за на Инста, не за на Фејсбук, не за ’еве јас што направив’ … Просто зашто е ретко добра душа. Голем човек си Димитар Атанасовски, затоа Универзумот те сака“, му порача Сара на сопругот.

На нејзиниот „Инстаграм“ профил таа подоцна сподели уште едно видео и фотографија на која се гледа дека Димитар, на себе по завршеното хумано дело имал 20 l вода и бил изудиран од град, а објави и една фотка на која позира до него, па напиша:

„Аквамен и јас!“


Секоја чест на хуманоста!