[ФОТО] „Тој е страшен фраер“: Марија Шерифовиќ откри кој е татко на нејзиниот син Марио и сподели интересна информација за него

Точка

18/06/2024

23:19

9.159

Големина на фонт

а а а

Марија Шерифовиќ сподели со јавноста информација за таткото на нејзиниот син Марио и како се снаоѓа во мајчинството.

Пејачката Марија Шерифовиќ кон крајот на минатата година стана мајка на својот син Марио.

Синот на Марија Шерифовиќ го роди сурогат мајка, а таткото на малиот се сметаше за енигма до неодамна, кога пејачката раскажа некои информации за него.



Поп-ѕвездата гостуваше во „Ами Џи шоу“ кај Огњен Амиџиќ, па поради вкрстено испрашување се согласи да каже нешто за човекот на кој веројатно утре ќе личи Марио.

Врз основа на тизерот кој се појави на Инстаграм и изјавата на ѕвездата, може да се заклучи дека се работи за маж по кој копнеат многу жени.

- Голем фраер, Европеец - рече Марија, а потоа се наврати на воспитувањето на наследникот.

- Ако стане доктор на науки, ќе живее во Беверли Хилс, ако стане автомеханичар, ќе му го купам целиот Тошин бунар. Во која било комбинација јас ќе бидам среќна - изјави таа.





Марија се сети на своето детство

За потсетување, Марија Шерифовиќ неодамна го одржа својот прв солистички концерт во Крагуевац, а потоа за „Блиц“ откри какви спомени има од детството.

- Не можам да ви ја доловам целата вистина, какви емоции ми предизвикува, но имам некои фрагменти и тоа е главно некое рано детство поврзано со тој мал стан од околу 40 квадрати со една од најважните жени во мојот живот, а тоа е баба ми Драгиња. Тие спомени се најубави, се што дошло со основно и средно е помалку важно затоа што со школото, доаѓаат и проблемите. Моето детство би го опишала како интересно, светло, весело. Имаше фаза на прерано растење. Сè на сè, би рекла дека имало колку убави толку и грди работи. Верувам дека ништо не ми било одземено – изјавила пејачката.

Малиот Марио позитивно реагира на музика

Наследникот на Марија Шерифовиќ неодамна наполни пет месеци. Секој слободен момент пејачката се труди да ги поминат заедно, па нивните прошетки се неизбежни.

Таа во една прилика откри како нејзиниот син реагира на музика.

- Марио фантастично реагира на музика. Музиката го смирува, кога ќе се пушти некоја моја песна се исклучува и заспива без проблем.

- Добро се снаоѓам во улогата на мајка, срцето ми се топи, можеш да ми правиш што сакаш, но би рекла дека тоа е сосема нова димензија на животот. Да не живеевме во лудо општество, ќе ви го покажував секој ден, се смее 24 часа на ден, седум дена во неделата - изјави Шерифовиќ за мајчинството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг