[ФОТО/ВИДЕО] Повторно заедно: Калиопи и Ромео Грил го промовираа „Албум“ и ја прославија 40-годишната соработка и љубов

Точка

29/05/2024

20:17

8.494

Големина на фонт

а а а

На голема радост на публиката, македонската дива Калиопи, по подолга пауза денес (29 мај) го промовираше најновиот студиски албум – наречен „Албум“.

На „Албум“ се наоѓаат 10 песни, меѓу кои е вклучена и веќе познатата дуетска нумера „Знам“ со српскиот пејач Жељко Самарџиќ. Уште една веќе позната песна на публиката, се најде на новиот албум – „Кад осване“.


На овој албум, како и на претходните, автор е нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил, кој е задолжен за скоро сите хитови од почетокот на нејзината кариера.


Најголемо изненадување на албумот кој има 10 песни, дел на македонски, дел на српски јазик, е соработката на Калиопи со Слаткаристика. Заедно ја снимија песната „Казна“, а присутните на промоцијата со голем аплауз го пречекаа популарниот хип-хоп музичар кој го освежува албумот во негов стил.


„Снимивме еден релаксирачки албум во кој луѓето ќе уживаат, но и ќе ги тера на некои длабоки размислувања, a претежно се забавувавме. Студиски не сме работеле заедно 10 години, од албумот ’Мелем‘. Јас сум сега побрлива, Ромео е потолерантен, јас како да си ја живеам втората младост“, ни рече Калиопи и се сети на нејзината прва средба со Грил.



На албумот уште се наоѓаат и „Ела“, „Зашто“, „Погледај ме сад“, „Парампарче“, „Во земјата на чудата“, „Дај ми комад душе“, „Дај, дај ми дај“.

Калиопи ги промовираше и шесте видеоспота снимени за новите песни.

Инаку, „Албум“ е музички проект што е создаден по повод 40-годишната соработка помеѓу Калиопи и Ромео Грил.

 



Спонзорирани линкови

Маркетинг