Овошје број 1 за спречување кардиоваскуларни болести, мозочен удар, холестерол... Оние кои го јадат имаат голема полза, еве зошто

Точка

28/05/2024

22:00

21.244

Големина на фонт

а а а

Урмите се совршени кога сакате да се исчистите од индустриските слатки. Изедете по една урма секогаш кога ќе почувствувате желба за слатко.

Урмите се сметаат за суперхрана, исклучително се здрави и слатки поради што можат да бидат база за сирови, здрави колачи.

Нејзините здравствени бенефити се многу широки, а ова се најважните.

1. Богата е со железо

Урмите се одличен извор на овој минерал и баш поради тоа им се препорачуваат на трудниците и луѓето кои патат од анемија.


2. Спречуваат дијареја

Урмите се богати со калиум, којшто ја олеснува работата на цревата и го стимулира развојот на добрите бактерии.

3. Спречуваат затвор

Освен што спречуваат дијареја, урмите го решаваат и проблемот со затворот.

4. Ја одржуваат витката линија

Доколку сакате да спречите таложење на масните наслаги, потрудете се секој ден да јадете по неколку урми на празен стомак. Но, внимавајте да не претерате со урмите – преполни се со шеќер.

5. Го регулираат холестеролот

Урмите докажано го стабилизираат нивото на лошиот холестерол така што ги чистат крвните садови и имаат моќ да спречат формирање на крвни грутки.

6. Го јакнат срцето

Редовното консумирање урми спречува појава на атеросклероза, главниот причинител за срцев удар.


7. Го регулираат крвниот притисок

Доколку патите од хипертензија, слободно може да јадете урми затоа што тие не содржат натриум, а богати се со калиум. Исто така, 6 урми содржат речиси 80 милиграми магнезиум кој е многу важен за здравиот крвоток.

8. Спречуваат мозочен удар

Благодарение на калиумот којшто го содржат, урмите можат да спречат мозочен удар, доколку ги консумирате редовно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг