Истражувач за долговечност: „Ако имате повеќе од 50 години, не го земајте овој додаток во исхраната - може да предизвика низа здравствени проблеми“

Точка

28/05/2024

10:40

28.500

Големина на фонт

а а а

Консумирањето хранливи материи е клучно за здравјето во било кое доба. Меѓутоа, доколку не внесуваме доволно витамини од исхраната, можеме да се свртиме кон суплементи.

Но, еден експерт за долговечност предупредува дека таквите брзи решенија не се секогаш најдобри. Всушност, некои додатоци дури можат да бидат и штетни, особено додека старееме.


„Корисно е да се разберат придобивките и ризиците од земањето витамини и додатоци бидејќи тие можат да имаат одредени ризици доколку се земаат во погрешни количини или во комбинација со други лекови. Постарите лица особено може да имаат проблеми со земање додатоци во исхраната и витамини поради промените поврзани со возраста и хроничните здравствени состојби кои го менуваат начинот на кој нашето тело ги обработува лековите“, објаснува експертот за долговечност Кристофер Норман за „Parade“.

Норман ги предупредува луѓето над 50 години да не земаат еден витамин и споделил кој е подобриот начин да се добие оваа суштинска хранлива материја.

Прекумерното внесување на витамин А може да предизвика оштетување на црниот дроб

Така, суплементите на витамин А се на врвот на листата на Норман на недозволени додатоци за неговите пациенти над 50 години. „Истражувањата покажаа дека здравата и разновидна исхрана ќе ви обезбеди доволно витамин А, а изворите на храна се најдобри извори на витамини општо“, објаснува Норман.

Секако, витаминот А е важен дел од здравата исхрана, но прекумерното внесување на овој витамин во вид на суплементи може да предизвика различни последици.


„Постарите лица треба да бидат внимателни со витаминот А бидејќи тој потенцијално може да ја намали густината на коските, да предизвика оштетување на црниот дроб или болки во зглобовите и симптоми како што се гадење, главоболка или дијареја“, предупредува Норман.

Како што споменува, храната е најдобар извор на витамин А, а некои одлични опции се: зелен лиснат зеленчук, лосос, компир, млечни производи, морков и диња.



Спонзорирани линкови

Маркетинг