„Доколку сакате да бидете психички здрави, еве што треба да правите“: Совети од рускиот психолог Лазарев

Точка

27/05/2024

21:21

23.221

Големина на фонт

а а а

„Не можеш да се молиш и да му веруваш на оној којшто го мразиш. Секое директно незадоволство со Бог, се одразува на нашата душа“.

Сергеј Николаевич Лазарев е руски психолог којшто во текот на 80-тите години на минатиот век направил големо истражување во обид да ја пронајде причината меѓу човековиот поглед на светот и настаните кои му се случуваат.

Тој издал 29 книги кои достигнале голема популарност. Ги издвојуваме најинтересните цитати на доктор Лазарев:

1. Пред истражувањето не разбрав зошто во културата постои правило кое го забранува читањето за време на оброкот. Се докажа дека оброкот со книга или пред телевизор може да ја трауматизира душата на личноста затоа што во текот на оброкот информациите слободно течат до потсвеста.


2. Секоја болест, без оглед на тоа дали е повреда или вирус кај луѓето, задолжително развива агресија во душата.

3. Зошто некој се предава на алкохолизмот или дрогите?

Личноста треба да го сака светот околу себе и доколку не чувствува љубов кон светот, во нејзината душа се развива чувство на непријатност, почнува менталната агонија. Човекот се обидува да ја придуши болката барем со некои средства. Тоа доведува до зависност од дрога, алкохол...

Првата причина за зависност и алкохолизам е намаленото ниво на љубов во вашата душа. И таквата состојба исчезнува поради силните навреди, поради потиснувањето на љубовта кон луѓето.

4. Ќе ви дадам совет како да живеете долго и среќно – никогаш не жалете му се никому за ништо. Ни за судбината, ни за Бог, ни за минатото, ни за луѓето.

Однадвор однесувајте се како сакате, однатре – секое тврдење кое го имате е програма за уништување на личноста.

5. Во секојдневниот живот често дозволуваме лошо да говориме за луѓето, за себе, за нашата судбина. Се докажало дека оваа навика ја уништува личноста.


6. Можно е реално да ја смените ситуацијата околу себе само доколку се смените себеси. Првата работа која мора да ја смените е да се откажете од желбата да ја контролирате ситуацијата и да сфатите дека ситуацијата во основа е во ваша корист.

7. Оној којшто може да издржи голема тага, може да издржи и голема среќа.

8. Не можеш да се молиш и да му веруваш на оној којшто го мразиш. Секое директно незадоволство со Бог се одразува на нашата душа. Во критични ситуации човек почнува да се моли и неговите молитви делуваат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг